Левандовски се чувствува како дете: Ми требаше нова играчка, успеав да ја најдам во Барселона!

Новиот напаѓач на Барселона, Роберт Левандовски, полека но сигурно успева да се прилагодува на новата средина, а викендов го постигна и првиот гол за Барселона, на пријателскиот меч со Пумас.

Полјакот во последното интервју објасни како се чувствува и зошто го направил трансферот.

„Знам дека повредив многу фанови со заминувањето од Баерн, го разбирам тоа и можам само да им се извинам. Беше важно и неопходно да направам промена. На крајот на денот, сите сме луѓе. По 12 години во Германија, јасно ми беше дека мојата ера таму е завршена. Сакав да го објаснам тоа и секако дека не беше лесно за Баерн да прифати продажба. Беше тешка ситуација за сите вклучени, но моравме да го најдеме најдоброто решение. Ми требаше оваа промена, да се преселам во нова земја, во нов клуб. Сега се чувствувам како дете кое има нова играчка“, истакна Роберт, кој на 21 август ќе полни 34 години.

Во Минхен не беа најсреќни за заминувањето на Полјакот, имаше остри зборови дури и од спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, а дел од навивачите го гледаа како непријател. Левандовски од Баерн Минхен во Барселона дојде за 45 милиони евра плус уште пет на име на бонуси.

Се вчитува...