Проблеми за Клоп: Ливерпул останува без Алкантара најмалку шест недели

На самиот старт од новата сезона Јирген Клоп се соочува со поголеми проблеми, откако лекарскиот тим потврди дека Тијаго Алкантара има заработено прилично тешка повреда на натпреварот меѓу Фулам и Ливерпул во саботата, а поради која ќе мора да биде отсутен најмалку шест недели.

Шпанскиот играч за врска го повреди бутниот мускул и беше принудно заменет во 51. минута од натпреварот. Јирген Клоп нема да може да смета на Алкантара за мечевите со Манчестер јунајтед, Кристал Палас, Борнмут, Њукасл, Евертон и против Вулверхемптон, пренесуваат медиумите од Шпанија и од Англија.

Алкантара (31) играше во солидна форма минатата сезона и стана важен дел од концептот на Јирген Клоп, откако дојде од Баерн Минхен во 2020 година.

Се вчитува...