Фенербахче осигура уште еден извонреден трансфер за наредната сезона откако турскиот гигант го официјализираше камбекот на Немања Бјелица, српскиот репрезентативец кој доаѓа назад во Европа откако со тимот на Голден Стејт вориорс стигна до титулата во НБА-лигата.
За Бјелица ова е камбек во клубот каде што мина две извонредни сезони, во периодот од 2013 до 2015 година, а во 2015 беше МВП на Евролигата, при освојувањето на европската круна со Фенер.
Тренерот Итудис комплетира извонреден тим во Истанбул со кој дефинитивно ќе атакува на нова титула во Евролигата. Само за потсетување, Фенербахче пред Бјелица потпиша договори и со Скоти Вилбекин, Карсен Едвардс, Тонје Џекири, Џонатан Мотли, Самет Гејик, Најџел Хејс Дејвис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА