Евертон се пофали со Коди и Онана (ФОТО)

Евертон едвај успеа да го задржи прволигашкиот статус претходната сезона, а и новата не ја започна во најдобро светло откако загуби на домашен терен од Челси, но тренерот Френк Лампард од денеска има мака помалку откако успеа да го официјализира потписите на Конор Коди и Амаду Онана.

Коди на „Мерсисајд“ доаѓа на едногодишна позајмица од редовите на Вулверхемптон, додека Онана реализираше трансфер од редовите на Лил и потпиша петгодишен договор. Сумата на трансферот останува непозната за јавноста.

„Знам што значи да се биде дел од овој клуб. Пораснав околку градот и ја знам големината на клубот. Едвај чекав да дојдам тука и да заиграм за Евертон“, изјави Коди.

„Фантастично е чувството да бидеш дел од Евертон. Тоа е еден од најголемите клубови во Англија и сакав да сум дел од овој тим години наназад“, вели Онана.

Се вчитува...