Црвена Звезда и во Ереван ги победи Пјуник и Радески

Црвена Звезда ќе игра во плеј-оф колото за влез во групите од Лигата на шампионите, откако и на реванш дуелот од квалификациите славеше на гостувањето против ерменски Пјуник со 0-2.

Белграѓани, по победата од 5-0 на првата средба, сега триумфираа со 0-2 со головите на Канга и Павков.

Во тимот на Пјуник од 62. минута на средбата настапи и поранешниот македонски репрезентативец Марјан Радески, кои сега ги чека плеј-оф колото за групната фаза во Лигата на Европа.

Пласман во плеј-оф рундата од квалификациите за ЛШ обезбедија и чешката Виторија Плзен која го елиминираше Шериф Тираспол, кипарски Аполон кој го елиминираше Макаби Хаифа, како и Бодо/ Глимт кој беше поуспешен од литвански Жалгирис.

Се вчитува...