После првиот дел мрежите мируваат на Националната Арена Тодор Проески, на натпреварот меѓу Шкупи и Шамрок. Иако чаирчани треба да бидат тие кои ќе постигнат гол, ако сакаат да продолжат во следната фаза, сепак, Ирците беа многу поблиску до водство, но Наумовски одбрани барем четири чисти шанси.
Одбраната на Шкупи има големи проблеми и тоа е евидентно, а во 4. минута Шамрок преку Гафни ја погоди стативата, откако Наумовски одлично одбрани „зицер“. Две минути подоцна повторно Наумовски херојски го чува голот, и брани ситуација „еден на еден“ со Гафни.
Следуваше шансата на Куевен во 14. минута кога топката профуче крај голот, а потоа и Сенгор кој не се снајде во петерецот, па топката отиде над голот.
Повторно грешка на одбраната на Шкупи, која на моменти реагира катастрофално. Не се разбраа Маргвилашвили и Наумовски, па Сенгор мораше да спасува од гол линијата, а потоа Наумовски да го одбрани ударот на Гафни и така да спаси водство на Ирците, гол со кој драстично ќе се намалеа шансите на Шкупи за следна фаза. Меѓутоа вака Наумовски ги остава чаирчани во игра за пласман во следната фаза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА