После натпреварот, тренерот на Шкупи Гоце Седлоски, ги искажа своите импресии од дуелот со Шамрок и поразот од 1-2.
Седлоски ја честиташе победата на Шамрок. Тој рече дека првиот гол беше клучен, напоменувајќи дека неговиот тим налета на добра екипа.
„Да им ја честитам победата на Шамрок, и пласманот во следната фаза. Останавме без неколку играчи денеска, но тоа не е оправдување. Кога почнавме да играме малку во вториот дел, примивме гол кој беше клучен. Налетавме на добра екипа, агресивна, и уште еднаш честитки за противникот“, изјави Седлоски.
Седлоски кажа дека бил лут после првиот гол кога фудбалерите почнале да играат за себе.
„Направивме три измени на полувремето, внесоа свежина, но после првиот гол кога го примивме малку почнавме да играме за себе фудбал, и тука малку сум лут на играчите затоа што правевме многу грешки. Противник како Шамрок кој е прв во Ирска, не простува. За вакви натпревари уште сме далеку од нив. Не постоеше тој среден ред во првиот дел. Првите 10-15 минути од вториот дел кога ги направивме шанси, кога нема да се даде гол, противник на вакви мечеви ќе те казни“, рече тренерот на Шкупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА