Македонскиот селектор Благоја Милевски заедно со својот асистент Влатко Гроздановски на трибините на националната арена „Тодор Проески“ во моментов го следат реванш дуелот на Шкупи со ирски Шамрок Роверс во квалификациите за Лигата на Европа.
Милевски и Гроздановски со поддршка за чаирчани кои се пред елиминација од квалификациите за ЛЕ, па ги очекува последна плеј-оф квалификациска рунда за место во УЕФА Конференциската лига.
На трибините вообичаено е и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, кој секогаш е со поддршка за тимот од својата општина, како и потпретседателот на македонската влада, Артан Груби
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА