За Шкупи уште има Европа… На ред е мегдан за групи во Конференциската лига против Балкани или Клаксвик

Со два порази од Шамрок Роверс, екипата на Шкупи го заврши својот пат во Лигата на Европа и сега ја очекува последната шанса за останување есенва во Европа, плеј-оф рундата од квалификациите за УЕФА Конференциската лига.

Македонскиот клупски фудбал не е на нивото ниту на ирскиот, ако се суди според двата натпревари на македонскиот шампион со Шамрок Роверс. Вечерва на арената „Тодор Проески“, Шкупи загуби со 1-2 од Ирците во меч во кој објективно гостите беа подобри, а на домашните не им помогна ниту поддршката од трибините.

Но, за чаирчани се уште постои реална надеж за европска есен. Во плеј-оф колото за групна фаза во Конференциската лига, Шкупи ќе го чека лесен противник, подобриот од двомечот меѓу косовскиот Балкани и Класквик од Фарските острови. На првиот нивни меѓусебен дуел, Балкани на домашен терен славеше со 3-2, а реваншот на Фарските острови се игра во четврток.

 

Се вчитува...