ФИФА одлучи да го помести датумот за почеток на Светското првенство за еден ден порано, пренесува „The Athletic“. Имено, причината за овој потег е да се избегне преседан во кој првиот натпревар на првенството би го одиграле две селекции, од кои ниту една не е домаќин.
Ова е направено за да му се даде шанса на Катар да се соочи со Еквадор како прв натпревар на шампионатот, па истиот ќе треба да се одигра во недела на 20 ноември (наместо на 21-ви) во 20 часот. Претходно турнирот требаше да го отворат Сенегал и Холандија.
Сега на потег е Советот на ФИФА, кој треба да ја потврди оваа одлука.
El Mundial se adelanta un día. Va a empezar el domingo 20 de noviembre porque se reprograma Qatar – Ecuador para ese día. Van a inaugurar a la Copa del Mundo.
Ahora faltan 102. pic.twitter.com/2tDX0dv7oz— Gastón Edul (@gastonedul) August 9, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА