Осака предаде меч, па се расплака – „виси“ настапот на УС Опен

Серијата слаби резултати на Наоми Осака продолжи и на турнирот во Торонто, каде јапонската тенисерка беше елиминирана од Каја Канепи.

Естонката го доби првиот сет со 7-6, во вториот имаше водство од 3-0 кога Осака реши да го предаде мечот жалејќи се на повреда на грбот.

„Од самиот почеток имав проблеми со долниот дел од грбот. Се обидов да играм, но не можев да издржам и едноставно морав да предадам. Честитки до Каја за одличниот настап и и посакувам многу среќа до крајот на турнирот“, изјави Осака по мечот.

Останува да се види дали Јапонката, која во кариерата има четири освоени гранслем трофеи, ќе успее да се рехабилитира навреме за да настапи на УС Опен, што ќе стартува на 29 август.

Се вчитува...