Пике се жртвува за Барса да ги регистрира новите играчи!

Жерар Пике му предложил на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта следната сезона да ја игра бесплатно со цел клубот да ја надмине финансиската криза. Барселона има големи финансиски потешкотии, а голем дел е вина на самиот клуб бидејќи секогаш им исплаќала големи плати на своите играчи.

Меѓу најплатените е Жерар Пике, стопер кој не секогаш бил на висина на задачата кога се во прашање игрите. Сепак, сега се чини дека е на висина на задачата што се однесува до пожртвуваноста за клубот, ваквата информација ја пишува, шпанскиот „АС“.

Барселона има проблеми да ги регистрира новите играчи, а „АС“ на насловната страница пишува дека Пике во разговор со претседателот Лапорта рекол дека клубот треба да го промени договорот што досега го има со него. Последен пат Жерар потпиша договор со Барселона во 2020 година, а истиот истекува за две сезони.

Пике неодамна изјави дека ќе игра за џабе со цел Барса да регистрира нови играчи, а меѓу нив е и Роберт Левандовски. Дефанзивецот е подготвен на сето тоа, иако се очекува да биде само петти избор на позицијата стопер за претстојната сезона, бидејќи тука се Роналд Араухо, Самуел Умтити, Ерик Гарсија, Жил Кунде и Андреас Кристенсен.

 

 

 

Се вчитува...