Никој друг како Дон Карло – Анчелоти повторно испиша историја

Карло Анчелоти го предводеше Реал Мадрид до уште еден трофеј откако во вчерашното финале од Суперкупот на УЕФА неговиот тим славеше против Ајнтрахт Франкфурт со 2-0.

За легендарниот италијански тренер тоа е чевртиот трофеј во ова натпреварување со што стана единствениот тренер во историјата кој го освојувал толку пати. Дон Карло претходно беше и првиот тренер кој освои четири трофеи во Лигата на Шампиони, а и првиот тренер кој стигна до трофеи во најелитните пет домашни натпреварувања во Европа.

Се вчитува...