Нена Трајчевска во новата сезона повторно ќе биде дел од македонските интернационалци откако договори трансфер во шпанскиот второлигаш Понтеведра кој претходната сезона го освои третото место во натпреварувањето, а оваа сезона ќе атакува на пласман во Првата лига.
Во Шпанија заминува како шампионка со Бадел 1862, и воедно една од најзначајните кошаркарки на скопскиот клуб претходната сезона. Покрај на домашната сцена, 27-годишната кошаркарка настапи и на 18 натпревари во АБА лигата каде забележа просек од 12.2 поени, 6.4 скока, 3.8 асистенции и 2.2 украдени топки.
За Трајчевска ова воедно претставува и ново заминување од македонската кошарка. Претходно нашата репрезентативка играше во Германија, Србија, Шведска и Турција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА