Пешиќ: Навикнат сум на критики, така беше и во 2002 година; Србија не е ниту во првата група на фаворити за ЕП

Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ овие денови е топ тема на разговор кај нашиот северен сосед. Искусниот стратег се најде во центарот на вниманието со одлуката да го избрише Милош Теодосиќ од списокот за престојните натпревари од квалификациите за Светското првенство 2023, а најверојатно и за престојниот Евробаскет.

Говорејќи за тамошните медиуми Пешиќ вели дека веќе е навикнат да биде критикуван од јавноста. Така беше и во 2002 година кога во Индијанаполис го предводеше тимот до златниот медал.

„Најмногу се подготвувавме за Американците и моравме да го менуваме начинот на игра, повеќе да ја имаме топката во рацете. Мораше да играме повеќе со позиционирани напади за да имаме контрола, бидејќи тие стануваа нервозни кога не играа со топка. Проблемот беше што тоа на нашите играчи не им одговараше. Таа дисциплина и барањето на концепт до крај. Нормално по пат имавме недоразбирања, ми говореа како не можат да го играат тоа па воигрувањето траеше подолго и загубивме неколку натпревари. А, кај нас ако изгубиш натпревар тоа е катастрофа. Тогаш ме напаѓаа, ме навредуваа, но тоа сме ние. Без респект, без аргумент. Не се возбудував премногу бидејќи не живеев тука. Немав време тогаш, а немам ни сега па да го трошам за некој кој обожава да оговара. Светски прваци сме во давање мислење за друг“, вели Пешик.

Искусниот стратег осврна и кон престојниот континентален собир на кои се очекува медал за Србија. Но, како што вели тој неговата репрезентација не е ни во првата групна фаворити.

„За почеток ние таму не сме ни фаворити или не припаѓаме во првата група на фаворити. Знам дека освојувањето на златниот медал би се доживеало како нормална работа, а да не се освои ќе следи критикување, плукање, вреѓање… Знам дека е така. Во претходниот период на луѓето кои ја водат кошарката се обидов да им објаснам каква е нашата состојба. Очигледно е дека тие многу внимателно слушаат, но не дослушуваат. Мислам дека доколку нашата состојба остане ваква не само што нема да освоиме медал, туку на други првенства нема ни да се пласираме. Тие не ми веруваат бидејќи имаат свои проблеми и репрезентацијата повеќе никому не му е приоритет“, додава селекторот.

Се вчитува...