Шкупи има огромна шанса да обезбеди европска есен за себе и за македонскиот фудбал. Во плеј-оф рундата од Конференциската лига преку која ќе се бара место во групната фаза, Шкупи ќе се соочи со косовскиот шампион Балкани.
Балкани вечерва на гостувањето против Клаксвик на Фарските острови, успеа да обезбеди пласман во плеј-офот благодарение на подоброто изведување на ударите од белата точка во пенал-серијата. Косовскиот тим со 4-2 по пенал-рулетот славеше против Клаксквик и си обезбеди двомеч со македонскиот шампион.
Претходно, во регуларниот дел Клаксквик славеше со 2-1 против Балкани, со што ја анулираше негативата од 2-3 од првиот меч на кој триумфираше косовскиот шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА