Македонскиот напаѓач Иван Тричковски и неговиот АЕК Ларнака се изборија за плеј-оф рунда во Лигата на Европа, откако вечерва на реваншот во Белград успеаја да ремизираат (2-2) со Партизан. Сосема доволно за чекор до групната фаза од Лигата на Европа, откако на првиот натпревар на Кипар, АЕК триумфираше со 2-1.
Партизан вечерва во Белград во два наврати имаше предност од 1-0 и 2-1, но АЕК Ларнака успеваше да израмни. Тричковски остана на клупата за резервни фудбалери на стадионот на Партизан.
Поранешниот вардаров играч, Јасир Асани, пак беше двоен стрелец во победата од 2-1 на Кишварда против норвешки Молде во 3. коло од квалификациите за Конференциската лига. Сепак, тоа беше само пирова победа за Унгарците, затоа што на првиот натпревар Молде триумфираше со убедливи 3-0.
Плеј-оф рунда во Лигата на Европа си обезбеди и Ердал Ракип со Малме, откако шведскиот тим одигра 2-2 на гостувањето против Дуделанж во Луксембург. Сосема доволно по победата од 3-0 за Малме на првиот натпревар во Шведска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА