Илија Столица од доцна синоќа повеќе не е тренер на Партизан откако доби отказ по катастрофалниот старт на сезоната на чело на „црно-белите“.
Столица при доаѓањето беше најавуван како достоен наследник на Станојевиќ и тренер со кого Партизан ќе атакува на трофеи, но експресно се виде дека споредбите со успешниот стратег се далеку од реалноста. Тој го водеше тимот на Партизан на шест натпревари, при што забележа една единствена победа, надополнета со две реми и еден пораз на домашната сцена, како и со реми и пораз од АЕК Ларнака во квалификациите за Лигата на Европа.
Навивачите скандираа барајќи отказ за Столица за време на синоќешниот реванш со АЕК, а откако мечот заврши 2-2 и Партизан беше елиминиран, само десетина минути подоцна беше соопштено дека Столица е сменет и е откажана прес-конференцијата на која тренерот требаше да даде изјава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА