Кристијано Роналдо очајнички бара начин да си замине од Манчестер Јунајтед, но голем проблем за Португалецот е што ниту еден од европските гиганти не е загреан за да го доведе во своите редови.
На листата на играчи кои јавно се откажаа од Кристијано е и Реал Мадрид, откако претседателот Флорентино Перез откри дека нема намера да испраќа понуда за Роналдо.
„Да го донесеме Роналдо? Повторно? Па тој има 38 години“, кратко прокоментира Флорентино, јасно ставајќи до знаење дека приказната меѓу него и Кристијано заврши кога го продаде во Јувентус за 100 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

