Новиот спортски директор на ПСЖ, Луис Кампос, дефинитивно сврти нов лист во раководењето со играчкиот кадар на „светците“ откако воведе дисциплина меѓу скапо платените ѕвезди.
Дел од играчите на кои тренерот Галтие не смета веќе си заминаа, но на оние кои не сакаат да го сторат тоа веќе им било ставено до знаење дека ако не го напуштат клубот до крајот на преодниот рок, ќе настапуваат во петтата француска лига.
Станува збор за седум фудбалери на кои Галтие не смета и воопшто не тренираат со првата екипа, и тоа Ерера, Курзава, Дракслер, Рафиња, Керер, Геј и Икарди. Веќе е разговарано со овие играчи и со нивните агенти, при што им е дадено до знаење дека за нив нема место во првиот тим, а доколку останат, ќе се натпреваруваат како дел од резервната екипа на ПСЖ.
Проблемот е што оваа екипа се натпреварува во петтата француска лига, па останува да се види дали „ѕвездите“ ќе се согласат на заминување, или ќе решат да останат и „од инает“ да играат во толку низок ранг на натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА