Сасуоло ја финишираше потрагата по нов голгетер како наследник на Џанлука Скамака (се пресели во Вест хем) откако го комплетираше трансферот на Андреа Пинамонти.
Станува збор за 23-годишен напаѓач кој пристигнува од редовите на Интер, откако не успеа да се избори во неколкуте обиди да стане првотимец во редовите на „нероаѕурите“. Пинамонти е „дете на Интер“, но никогаш не доби шанса и посериозна минутажа во овој клуб, по што беше испраќан на позајмици во Џенова и во Емполи, каде блесна минатата сезона постигнувајќи 13 погодоци.
Зад неговото име остануваат 15 настапи (повеќето како резерва) и еден гол за Интер, но Сасуоло сепак се согласи да плати 20 милиони евра за да го откупи Пинамонти од „нероаѕурите“, со што овој голгетер стана најскап трансфер во клупската историја на Сасуоло. Од овие 20 милиони, Сасуоло сега ќе плати само 500.000 евра како позајмица, а останатите 19,5 милиони евра ќе ги исплати наредното лето, согласно клаузулата за задолжителен откуп по завршувањето на сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА