ФИФА даде зелено светло: СП во Катар ќе започне ден порано од предвиденото

ФИФА го уважи барањето на домаќинот Катар, Светското првенство ќе започне еден ден порано од предвиденото. Домашната селекција и официјално ќе ја има привилегијата да го отвори првиот натпревар од турнирот.

Претходно беше предвидено шампионатот да започне на 21 ноември. Сепак, тоа нема да биде да се случи, по последната одлука на ФИФА, па Катар и Еквадор ќе истрчаат на теренот во неделата (20 ноември).

„На одлуката и претходеше анализа на спортските и оперативните импликации, како и опсежни консултации и договор со клучните чинители и земјата домаќин“, се вели во соопштението на ФИФА.

Титулата од пред четири години ќе ја брани репрезентацијата на Франција.

Се вчитува...