Клоп: Некои тренери проблемите ги решаваат со „шопинг“, но јас не сум таков

Јирген Клоп ја затвори вратата за ангажман на ново засилување за средниот ред на Ливерпул, откако германскиот стратег истакна дека е задоволен од играчите што ги има на располагање и покрај зголемените проблеми со повредите.

Тијаго Алкантара ќе отсуствува најмалку еден месец по повредата заработена во првото коло против Фулам, се шпекулираше дека Ливерпул ќе испрати понуда за Нуњеш од Спортинг, но Клоп јасно стави до знаење дека тоа нема да се случи.

„Јасно е дека имаме одредени проблеми со повреди, но тоа е нормално во фудбалот. Знам дека постојат тренери што ваквите проблеми ги решаваат со шопинг и нови засилувања, но јас не сум таков. За да доведеме нов играч потребно е да се поклопи се, тој да може да се вклучи во нашиот систем, цената да е реална… во моментов не ни разгледуваме потенцијални засилувања бидејќи имаме доволно квалитетни опции во своите редови“, изјави Клоп.

Добра вест за „црвените“ е што Наби Кеита е целосно рехабилитиран откако поради болест не настапи со Фулам, па се очекува африканскиот фудбалер да стартува од првата минута на дуелот со Кристал Палас што на програмата е в понеделник.

Се вчитува...