ПСЖ никогаш посилен – се враќа Мбапе, деби на Ренато Санчез

ПСЖ ќе биде во најсилен состав за утрешниот натпревар против Монпелје откако беше потврдено дека тренерот Галтие нема речиси никакви проблеми со повредени и казнети играчи.

„Светците“ тргнаа моќно на стартот од сезоната, а утревечер ќе биде уште посилни бидејќи во нападот се враќа Килијан Мбапе. Најдобриот стрелец на тимот го пропушти триумфот од Супер-купот на Франција над Нант поради повреда, потоа и беше суспендиран за стартот од новата сезона со Клермон, но Мбапе тренираше со остатокот од тимот во изминатите денови и ќе биде стартер на следниот меч на „Паркот на принцовите“.

ПСЖ ќе биде дополнително засилен и со Ренато Санчез, кој би требало да го има своето деби за новиот клуб. Португалецот дојде во Париз од редовите на Лил, одбивајќи одлична понуда од Милан за да им се приклучи на „светците“ и се очекува да одигра најмалку 30 минути против Монпелје.

Се вчитува...