Готово: Чурлинов се сели во Барнли за пет милиони евра

Англискиот клуб Барнли е следната дестинација во кариерата на Дарко Чурлинов, откако македонскиот репрезентативец ги договори личните услови, но и Штутгарт ја прифати понудата на екс-премиерлигашот за ангажман на нашиот интернационалец. Според германските медиуми, вредноста на трансферот изнесува пет милиони евра, а Чурлинов во следните 24 часа ќе отпатува за Англија, на лекарски прегледи и потпис на договорот со новиот клуб.

Тој не беше планиран како стартер во Штутгарт, но со оглед на младоста и потенцијалот на Македонецот тој неслучајно доби неколку понуди за продолжување на кариерата.

Чурлинов на крајот ја избра онаа на Барнли, пред се поради новиот менаџер на овој тим, екс-капитенот на Манчестер Сити, Винсен Компани, кој во личниот разговор го убедил Македонецот објаснувајќи му ја својата замисла за улогата на Чурлинов во тимот на Барнли.

Се вчитува...