Актуелниот освојувач на „Златната топка“, Лионел Меси, доживеа фијаско откако не се најде ниту меѓу 30-те финални кандидати за добивање на ова големо признание за изминатата сезона,
Меси ја доби наградата за 2021 година, но „Франс Фудбал“ во меѓувреме ги промени пропозициите, па признанието ќе се доделува за минатата сезона, а не за календарска година. Исто така, во стручното жири отсега ќе бидат само членови од Топ 100 земјите на ранг-листата на ФИФА.
Покрај Меси, на листата со финалисти го нема ниту Нејмар, кој имаше катастрофална сезона во ПСЖ. Апсолутен фаворит за оваа награда е Карим Бензема, а на списокот се уште и фудбалски суперѕвезди како Левандовски, Салах, Роналдо, Модриќ, Куртоа, Винисиус, Де Бруине…

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

