Енис Барди од свечената ложа на стадионот во Трабзон го следеше вечерашниот дуел со Хатајспор што неговиот нов клуб го доби со минимални 1-0.
Македонскиот репрезентативец денеска и официјално потпиша договор со Трабзон и не беше во комбинација за настап, но пред мечот беше бурно поздравен од домашните фанови.
Трабзон долго се мачеше да го скрши отпорот на гостите, но по неколкуте промашени шанси на Корнелиус, на крајот патот до мрежата на Хатајспор ја најде Омур со прецизен удар од дваесетина метри.
Дуелот го одбележа тешката повреда на Вишча, откако босанскиот интернационалец во дресот на Трабзон настрада при еден пад, најверојатно станува збор за скршеница на раката, и мораше со амбулантно возило да биде пренесен во најблиската болница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

