Тухел брутално искрен: Конте е извонреден стратег, но не му верувам

Во Премиер лигата утре ќе биде одиграно првото дерби сезонава, а Челси на домашен терен ќе го пречека Тотенхем. Ривалите од Лондон во минатата сезона се сретнаа четири пати и на сите четири натпревари победија „сините“.

Томас Тухел на прес-конференцијата ја загреа атмосферата пред ова дерби не сакајќи да ја преземе фаворитската улога врз својот тим.

„Конте е извонреден, но не му верувам во тоа што го зборува пред и по натпреварите. Никогаш не сум почувствувал дека има голема разлика меѓу двата клуба. Натпреварите ни беа изедначени, знам колку труд вложивме за да ги победиме во тие четири средби. Станува збор за талентиран и конкуретен состав, Конте каде и да работи неговиот тим се бори за трофеи“, изјави Тухел.

Се вчитува...