Чави пред дуелот со Рајо: Ова ќе биде вистински тест за Барса, нашата е цел е титула во Ла Лига

Барселона вечерва против Рајо Валјекано ќе го одигра првиот натпревар од новата сезона во Ла Лига.

Откако минатата сезона завршија на второто место, Каталонците сега ја посакуваат титулата, а оптимизмот го темелат на неколку врвни засилувања кои пристигнаа ова лето, меѓу нив и првото име во нападот – Роберт Левандовски.

„Навистина сме оптимисти пред новата сезона. Имаме одличен тим на фудбалери, голем квалитет и уште поголема амбиција. Нашата цел е освојување на титуалта“, изјави Чави.

Натпреварот меѓу Барса и Рајо е закажан за вечерва од 21.00 часот.

Се вчитува...