Шкупи се насочува и на домашната сцена: Против „лавовите“ за старт на сезоната

Фудбалерите на Шкупи денеска со натпреварот од 2. коло во Првата македонска фудбалска лига против Македонија ЃП на „Чаир“ се насочуваат со своите активности и на домашната сцена.

Откако, поради европските настапи, нивниот натпревар од 1. коло беше одложен, сега во рамките на 2. коло против „лавовите“ ја стартуваат својата сезона на македонската фудбалска сцена. И, секако желбата е со победа да се стартува новиот шампионат во кој ќе се брка одбрана на титулата.

„Откако загубивме од Шамрок се чувствуваме тажно затоа што сме убедени дека можевме подобро. На два натпревари бевме казнети од повеќе причини, но сепак сето тоа е зад нас, па сега се фокусираме на шампионатот и натпреварот против Македонија ЃП. Знам дека гостинскиот тим има одлични фудбалери во составот и нема да биде лесно, трениравме максимално за овој натпревар и сакаме да ја започнеме сезоната со победа“ – вели Блертон Шеји.

Останатите четири натпревари од 2. коло се на програтамата утре.

ПРВА ЛИГА – 2. КОЛО (денеска, 17 ч.)
Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
УТРЕ (17 ч.)
Штип: БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА ТЛ
Прилеп: ПОБЕДА – ТИКВЕШ
Струга: ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС
Скопје: РАБОТНИЧКИ – АК. ПАНДЕВ
Слободен е Скопје

Се вчитува...