„Франс Фудбал“ вчера го објави списокот на номинирани фудбалери за најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот, „Златната топка“.
За најголем фаворит важи напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема. По Карим за втор фаворит важи Мбапе, а потоа следува и триото кое го водеше Ливерпул минатата сезона – Салах, Ван Дијк, Мане.
Мбапе признава дека Бензема ја одигра сезоната на кариерата и нема дилеми дека тој треба да ја добие оваа награда.
„Бензема има 34 години и ја одигра сезоната на кариерата, ја освои Лигата на шампионите и одлучи важни натпревари. Ако сум на негово место и сега не ја освојам оваа награда понатаму тој избор нема да ме интересира“, изјави Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА