Убедлива победа на Сити – Голеада во Лондон, Арсенал со триумф над Лестер (ВИДЕО)

Манчестер Сити и Арсенал со убедлива и доминантна игра обезбедија нови победи во рамки на второто коло од англиската Премиер-лига. Сити против Борнмаут славеше со високи 4-0, додека Арсенал триумфираше над Лестер со 4-2.

Победата на Сити ја најави Илкај Гундоган во 19. минута, постигнувајќи гол за прво водство. Нападите на „граѓаните“ не запираа, па следен во листата на стрелци се запиша Кевин Де Брујн во 31. минута. До крајот на полувремето Фил Фоден зголеми на 3-0, постигнувајќи гол во 37. минута.

Во вториот дел Сити одигра рутински, а Џеферсон Лерма си даде автогол во 79. минута за конечни 4-0.

Арсенал и Лестер приредија вистинска голеада во Лондон, 4-2. „Топџиите“ славеа триумф на домашен терен, запишувајќи втора победа во новата сезона за плус три бода на своето конто. Габриел Хесус во 23. минута ја најави победата на Арсенал, носејќи водство од 1-0. Следен на потег беше Хесус, кој во 35. минута обезбеди 2-0.

Во вториот дел Салиба си постигна автогол во 53. минута, па им помогна на гостите за момент да намалат на 2-1. Сепак, ваквиот шок кај домашната публика траеше кратко, по само две минути следуваше нов гол, но овојпат за 3-1. Стрелец беше Гранит Џака во 55. минута.

Џејмс Медисон во 74. минута намали на 3-2, но радоста повторно кратко траеше, веќе во следниот напад Габриел Мартинели ги постави конечните 4-2.

 

Се вчитува...