ВИДЕО: Миовски е незапирлив, Македонецот со нов ефектен гол за Абердин!

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски е незапирлив. Повторно успеа да се запише во листата на стрелци за шкотски Абердин.

Овојпат македонскиот репрезентативец во 43.минута на ефектен начин со глава ја затресе мрежата на гостите на мечот со Мадервил, израмнувајќи го резултатот на 1-1.

Ова е трет гол за Бојан Миовски во третиот натпревар во елитната лига на Шкотска, потврдувајќи дека е во извонредна гол-форма во дресот на шкотскиот премиерлигаш.

Претходно гостите поведоа со голот на Спитал уште во 20. минута од средбата.

Се вчитува...