Бранителот на титулата, екипата на Шкупи е пред првата победа во новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Во првиот натпревар од 2. коло, на стадионот во Чаир, Шкупи дојде до предност од 2-0 со два гола со глава во само три минути.
Најпрво, по корнерот од десната страна, Трапановски во 67. минута одлично реагираше на вториот дирек отворајќи го резултатот на Чаир…
Веќе во 70. минута, и Цефас со глава погоди за 2-0…
Чаирчани се пред нанижување на трите бода од средбата во која отпорот на „лавовите“ го скршија во второто полувреме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

