Голем „кикс“ на Де Хеа: Јунајтед губи од Брентфорд

Манчестер Јунајтед на самиот почеток од гостувањето против Брентфорд се најде во негатива, по големата грешка што ја направи Давид де Хеа, дозволувајќи им на домаќините да го отворат резултатот.

Да Силва се обиде со удар од дваесетина метри, но топката одеше кон Де Хеа, за кого се очекуваше без поголеми проблеми да ја смири. Не само што тоа не се случи, туку Шпанецот дозволи таа да му мине низ рацете и да заврши во мрежата.

Големиот „кикс“ на Давид де Хеа можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...