Оваа сезона требаше да биде поинаква за Манчестер Јунајтед, но „црвените ѓаволи“ делуваат уште покатастрофално од лани. Откако на премиерата на домашен терен загубија од Брајтон, Тен Хаг и неговите избраници уште повеќе се бламираат на денешното гостување против Брентфорд, каде по 45 минути имаат неверојатна негатива од 4-0.
Тен Хаг овојпат се реши да го вклучи Роналдо во стартниот тим, но Португалецот воопшто не се виде на теренот. Неочекувано, дуелот мина во апсолутна доминација на домаќините, кои поведоа со 1-0 преку Да Силва по катастрофалната интервенција на Де Хеа.
Вториот гол повторно беше подарок од „ѓаволите“, откако Ериксен ја загуби топката во сопствениот шеснаесетник, а Јенсен донесе нова радост на домашните навивачи.
Дефанзивецот Ми го постигна третиот гол за Брентфорд на овој натпревар, а на 4-0 зголеми Мбуемо по еден извонреден контранапад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

