Јани Атанасов постигна фантастичен погодок за Хајдук, носејќи му на сплитскиот клуб водство од 0-1 по првото полувреме на големото дерби на „Максимир“ против Динамо.
Тоа беше најава за изненадување, но фудбалерите на Динамо во вториот дел се разбудија, постигнаа четири гола и предводени од Аријам Адеми му нанесоа убедлив пораз на Хајдук.
„Во првото полувреме добро париравме, на крајот успеавме да постигнеме гол. Среќен сум за погодокот, но кога ќе видам дека загубивме 4-1 од Динамо, ништо не ми значи што бев стрелец на тој единствен погодок. Влегуваме во тежок ритам на натпревари и играчите од клупата исто така мора да бидат подготевни да одговорат на предизвикот. Мораме што поскоро да го заборавиме овој пораз и да ги поправиме грешките што ги направивме во Загреб“, истакна Атанасов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА