Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски го запиша и својот втор погодок сезонава во дресот на словачкиот Спартак Трнава.
Трнава во 5. коло од шампионатот на Словачка триумфираше убедливо со 0-4 на гостувањето против Михаловце, а Ристовски погоди во 79. минута од средбата за конечни 0-4.
За македонскиот напаѓач, ова е втор гол сезонава откако претходно погоди и на дуелот против Злате Моравце.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА