Новак Ѓоковиќ доби охрабрувачка вест, откако Францускиот новинар Квентан Мојне стигнал во Америка и пренесе дека на влез во САД никој не му барал доказ дека е вакциниран.
Најдобриот српски тенисер се уште не ја знае конечната одлука, па постојано е во исчекување за настапот на Ју-Ес Опен.
„Влегов во САД без да ми бараат доказ за вакцинација. Ова не беше случај во март. Дали веќе се променети правилата? Тоа би можеле да бидат добри вести за Ѓоковиќ“, кажа Мојне.
Ју-Ес опен почнува на 29 август, па останува да видиме дали Ѓоковиќ ќе настапи на последниот гренслем-турнир во сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА