Атлетико Мадрид со убедлива победа над Гетафе ја почна новата сезона во рамки на првото коло од Примера (0-3).
Повратникот од Јувентус, Алваро Мората со гол во 14. минута го отвори овој меч. Диего Симеоне и овојпат играше претпазливо, па по раното водство го повлече својот тим. Со овој минимален резултат и без поголеми возбудувања се замина на пауза.
Мората го отовори со гол и второто полувреме, сега за 2-0 во 60. минута, откако претходно домаќините направија грешка пред својот шеснаесетник. Атлетико продолжи да игра офанзивно, па во 75. минута Гризман го обезбеди и конечниот резултат од 3-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА