Се шегува или…? Левандовски го одбра Бартез за најдобар голман

Роберт Левандовски ова лето се реши да си замине од Баерн Минхен и да се пресели во Барселона. Полјакот дебитираше за Барса изминатиот викенд против Рајо на Столе Димитриевски, и не се прослави. Покрај тоа што не постигна гол, неговиот тим загуби два бода. Одигра само без голови, а за тоа беше виновен и нашиот Димитриевски.

Левандовски повторно се најде во центарот на вниманието откако во кратко интервју му беше наложено да избере четири најдобри играчи на секоја позиција, и шокираше со изборот.

За најдобар голман го одбрал Фабијан Бартез. Сепак, Лева призна дека ја следел играта на Франција и многу му се допаѓал Бартез. Што се однесува до одбранбените играчи, тој го одбра Карлес Пујол. За најдобар играч во средниот ред го одбра Бастијан Швајнштајгер со кој играше во Баерн, додека за најдобар напаѓач го одбра Тјери Анри.

Се вчитува...