Кошаркарската кадетска репрезентација на Македонија го забележа и третиот пораз на Европското првенство „А“ дивизија во Скопје. Надежите беа поразени од селекцијата на Турција (82-74).
Со овој пораз кадетите ќе се борат за опстанок во „елитата“.
Кадетите имаа добар старт на средбата и водство од 7-0, но Турците вратија со неверојатна серија од 19-2, и така дојде до водство, кое го држеше се до крајот на мечот. На полувреме беше 43.25. На крајот од средбата дојде и до опуштање на турската селекција, со што Македонија искористи да го ублажи поразот.
Македонија го чека поразениот од дуелот Литванија – Данска, во првиот меч за опстанок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА