Се јави и Роналдо: Вистината ќе ја дознаете во наредните недели!?

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо веќе со недели е во центарот на вниманието поради неговата иднина во клубот. Португалецот речиси цело лето го поврзуваат со трансфер во други клубови, а од ден во ден се појавуваат нови информации за иднината на голгетерот.

Последната вест беше дека Манчестер Јунајтед конечно му дал зелено светло да си замине. Ваквата ситуација очигледно го погодила Роналдо, па одлучи да се огласи преку социјалните мрежи. На една страница Роналдо порача дека медиумите пишуваат невистини и дека вистината ќе се дознае за неколку недели кога ќе даде интервју.

„Вистината ќе се дознае во наредните недели кога ќе дадам интервју. Медиумите објавуваат лаги. Имам роковник. Во последните месеци од 100 вести само пет се точни. Замислете како стојат работите“, соопштина Роналдо на ФБ.

 

 

 

Се вчитува...