Тео Симиќ сениорската кариера ја започнува во Игокеа

Македонскиот репрезентативец Теодор Симиќ сениорската кариера ќе ја започе во редовите на Икогеа, потврди клубот од Босна и Херцеговина. Таму центарот висок 214 сантиметри повторно ќе соработува со доскорешниот селектор на нашата репрезентација, Драган Бајиќ.

Осумнаесетгодишникот кој претходните четири години беше дел од младинската школа на Барселона потпиша повеќегодишен договор, а првата сезона ќе ја помине на позајмица во Борац Бања Лука каде ќе собира искуство во АБА2 првенството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BC Igokea m:tel (@bcigokeamtel)

Се вчитува...