Мајк Тајсон неодамна на подкастот „Хотбокс со Мајк Тајсон“ говореше за животот и изјави дека не вредат сите пари на светот и тие се само илузија, а чувствува како се ближи до крајот на животот. Сега е виден на аеродромот во Мајами како се движи со помош на количка.
Легендарниот боксер веќе некое време го мачи ишијас поради кој во 2020 година две недели не можеше да стане од кревет. А, поради проблемите со долниот дел од грбот мораше и да ја заврши професионалната кариера која започна во 1985 година.
Mike Tyson spotted in wheelchair at Miami airport https://t.co/9trvhXqEhN pic.twitter.com/bpUZx5uLoi
— New York Post (@nypost) August 16, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА