Во плеј-офот во Лигата на конференции, утре македонскиот првак Шкупи игра против Балкани. Чаирчани посакуваат добар резултат пред реваншот идниот четврток на гостински терен, резултат кој ќе ги доближи до групната фаза, што ќе биде најголем успех за Шкупи.
Фудбалерот на Шкупи, Бесир Демири смета дека неговиот тим е поквалитетен и дека тоа треба да го покаже на теренот. Демири рече дека оваа шанса не смее да се пропушти.
„Заедно со стручниот штаб го анализиравме противникот. Мислам дека сме подготвени, и подобри, знаејќи го првенството во Косово. Но на теренот нема слаби противници. Не смееме никако да ја пропуштиме оваа шанса. Се надевам дека ќе ја добијам шансата од тренерот, и доколку се најдам во првите 11 подготвен сум да го дадам максимумот“, изјави Демири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА