Габонскиот голгетер Пјер-Емерик Обамејанг е се поблиску до враќање на Островот. Челси е силно заинтересиран за голгетерот, иако тренерот на Барса Чави сака да го задржи. Сепак, преговорите со лондонските „сини“ продолжуваат, а Барса бара 30 милиони евра.
На доаѓањето на Обамејанг инсистира тренерот Томас Тухел, кој работеше со него заедно во Борусија Дортмунд.
„Уживав кога работев со него. Имавме многу близок однос, и така ќе остане без разлика што ќе се случи“, рече Тухел.
На друга страна Обамејанг не сакаше многу да коментира.
„Немам што да кажам за мојата иднина“, беше краткиот коментар на Габонецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА