Поранешниот член на управниот одбор на Олимписките игри во Токио и три лица од компанијата за облека која била спонзор на игрите, се уапсени поради примање мито. За примање мито е осомничен Харујуки Такахаши, поранешен извршен директор на маркетиншката агенција „Дентсу“, која парите ги земала од поранешниот директор на „Аоики Холдинг“ и двајца вработени во таа компанија.
Компанијата која произведува работни одела, била изненадувачки спонзор на јапонскиот олимписки тим во моментите кога другите држави земале врвни модни брендови за дизајнирање на спортска облека.
Се верува дека митото е поврзано со спонзорските договори за Олимписките игри. Иако долго време се зборува за корупција, апсењата претставуваат голем удар на амбиците на Јапонија, затоа што Сапоро е кандидат за домаќинство на Зимските олимписки игри во 2030 година.
Од компанијата „Аоки“ немаат коментар, а реакција немаше ниту Олимпискиот комитет на Јапонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА