Челси одби 70 милиони, а сега им заминува на позајмица

Неколку години по ред за играчот на Челси, Калум Хадсон-Одои се интересира Баерн Минхен. Наводно „Баварците“ во 2019 година понудиле неверојатни 70 милиони евра за него, но тогаш понудата беше одбиена.

Три години подоцна Хадсон-Одои најави дека ќе си замине од лондонските „сини“ во потрага по поголема минутажа. И тоа ќе замине како позајмен, со оглед на големата сума на пари која ја бара Челси за него. Неговиот договор е до 2024 година, има плата од 120.000 фунти неделно, но го нема на фудбалската сцена во Премиерлигата.

Сега најмногу се поврзува со позајмица во Борусија Дортмунд, а за него се интересираат и Њукасл и Саутемптон. Според Челси, за него имало понуди барем од 20 клубови, и се очекува позајмицата да се реализира во најскоро време.

Се вчитува...