Челси и официјално започна преговори со Барселона за евентуален трансфер на офанзивецот Пјер-Емерик Обамејанг. „Сините“ се во потрага по нов напаѓач откако решија да се ослободат од Ромелу Лукаку и Тимо Вернер летово.
Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, тимот од Лондон испратил понуда од 27 милиони евра за Габонецот. Обамејанг пристигна во Барселона во јануари годинава и тоа како слободен агент откако Арсенал му го раскина договорот.
Напаѓачот имаше солидни настапи за Каталонците, но се чини дека неговата кариера на „Камп Ноу“ ќе биде кратка, бидејќи клубот летово го ангажираше Роберт Левандовски. На Барселона и се потребни финансиски приливи од продажба на играчи за да може да го регистрира Жил Кунде.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА